Шпански новинар: Модриќ ќе биде меѓу четворицата капитени на Реал во денешниот состав

Шпански-новинар-Модриќ-ќе-биде-меѓу-четворицата-капитени-на-Реал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кaдиз од 18:30 часот ќе го пречека Реал Мадрид во 14. коло од Ла Лига. Шпанскиот новинар Мигел Анхел Дијаз на X (поранешен Твитер) објави дека во стартниот состав на мадридскиот клуб ќе биде Лука Модриќ (38). Четворица капитени на Реал ќе го започнат мечот против Кадиз: 1. Начо, 2. Модриќ, 3. Карвахал, 4. Крос. Анчелоти најверојатно ќе го остави Родриго на клупата, а Брахим ќе стартува од првата минута“, напиша Дијаз.


Марка, најчитаниот шпански спортски медиум, објави и дека Модриќ треба да игра од првата минута, а причина за тоа се повредите на првотимците Аурелиен Чоамени и Едуардо Камавинга. Доколку Модриќ игра против Кадиз, тоа ќе биде негов 161. настап за Реал по 35. роденден, соборувајќи го рекордот на Пако Бај од март 1996 година.

Сезонава Модриќ откако летово го продолжи договорот на една година, одбивајќи ги богатите саудиски понуди, стана резервна опција во тимот на тренерот Карло Анчелоти. За капитенот на хрватската репрезентација средбата со Кадиз би можела да биде седма во 18 натпревари сезонава како ќе биде во стартниот состав.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK