Хамас го одложи ослободувањето на втората група заложници од Газа, го обвинува Израел за прекршување на договорот

Хамас-го-одложи-ослободувањето-на-втората-група-заложници-од-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Военото крило на Хамас вечерва објави дека одлучило да го одложи денешното планирано второ ослободување на заложниците додека Израел не дозволи камиони со помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа.


Како што е наведено, ослободувањето на заложниците ќе биде одложено додека Израел не ги исполни договорените услови за ослободување на палестинските затвореници.

Претставник на Хамас, во изјава за Би-Би-Си, исто така рече дека Израел направил значителни промени во договорениот список на палестински затвореници што треба да бидат ослободени.

Тој, исто така, тврди дека израелските одбранбени сили убиле двајца Палестинци во Беит Ханун во Газа, област каде што на Палестинците им е дозволено да се движат.

Израел негираше дека го прекршил договорот за прекин на огнот.

Првата група од 13 израелски заложници држени во Газа беа ослободени во петокот во замена за 39 палестински затвореници од затворите во Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK