(Видео) Возила во километарски колони се заглавени на автопатот Велес-Скопје, снегот засилува

Видео-Возила-во-километарски-колони-се-заглавени-на-автопатот-Велес-Скопје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем застој на автопатот Велес Скопје, кај патарината Отовица. На наплатната рампа се чека и по 30 минути. На видеото до кое дојде „Макфакс“ се гледа дека колони има во сите ленти, а снегот непрекинато продолжува да трупа.



https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/патарина.mp4

ЦУК информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, заради врнежи од снег на целата територија на Републиката.

Според известувањето на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта забрана за тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар-Маврово-Стража-Кичево, Крива Паланка-Деве Баир и Струга-Ќафасан.

На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и засеци е можна појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK