(Видео) Дебакл на Челси во Њукасл, гостински победи за Брајтон, Борнмут и Вест Хем, прв домашен триумф за Лутон

Видео-Дебакл-на-Челси-во-Њукасл-гостински-победи-за-Брајтон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Њукасл го декласира Челси со 4:1, во втората дерби пресметка во 13.коло, во Премиерлигата. Претходно колото го отворија Манчестер сити и Ливерпул (1:1).

Александар Исак ја најави победата на Њукасл во 13.минута, кога се најде сам пред голманот Роберто Санчез и мирно ја смести топката во мрежата. Рахим Стерлинг израмни десет минути подоцна со извонреден гол од слободен удар. Резултатот беше изедначен на полувремето, а прашањето за победникот беше решено во рок од две минути од вториот дел.

Џамал Ласелес во 60. минута му ја врати предноста на Њукалс, а само една минута подоцна Жоелинтон го искористи киксот на Тијаго Силва и го постигна третиот гол за „страчките“.

Мечот практично беше решен кога во 73.минута вториот жолт картон го доби капитенот на Челзи, Рис Џејмс.

Њукасл до крај ја искористи предноста од фудбалер повеќе и ја потврди победата во 83. минута со голот на . Ентони Гордон.

Со оваа победа Њукасл стигна до 23 бода со кои ја држи шестата позиција. Челзи е десетти со 16 бодови.

Од останатите натпревари да ги издвоиме победата на Брајтон од 3:2 против Нотингем Форест, убедливиот триумф на Бурнмаут кој победи со 3:1 кај Шефилд Јунајтед и првиот триумф на домашен терен на Лутон. Дебитанто во Премиерлигата го победи Кристал Палас со 2:1. Брајтон е седми со 22 бода, а Борнмаут дополнително се одвои од зоната за испаѓање и сега е 16-ти.

Резултати:
Њукасл – Челзи 4:1
Барнли – Вест Хем 1:2
Лутон – Кристал Палас 2:1
Нотингем Форест – Брајтон 2:3
Шефилд Јунајтед – Бурнемаут 1:3

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK