На повеќе локации во Битола се вршат претреси и се приведуваат осомничени

На-повеќе-локации-во-Битола-се-вршат-претреси-и-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи на повеќе локации во Битола извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.


Како што соопшти Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK