Хрватите издадоа предупредување: граѓаните да ја вратат куркумата „Халди“

Хрватите-издадоа-предупредување-граѓаните-да-ја-вратат-куркумата-„Халди.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот инспекторат на Република Хрватска ги повика купувачите да го вратат производот куркума во прав „Халди“ од 100 грама, со потекло од Индија.


Причината за повлекувањето на производот е поради покаченото ниво на пестицидот хлорпирифос.

Според хрватскиот инспекторат, производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата за максималните нивоа на остатоци од пестициди во или на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло и со измената на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ.

За заштита на потрошувачите, инспекторатот соопшти дека „куркумата се повлекува“ и ги повика купувачите да не го консумираат овој производ со рок на траење до 28.02.2024 година и да го вратат во продавница за да добијат рефундирање на средствата, пренесува „Index.hr“.

Станува збор за куркума во прав „Haldi“, трговско име „TRS Asia’s Finest Foods“ со потекло од Индија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK