Вчера во 07.40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен – Охрид, кај с.Лева Река, ресенско, патничко возило марка „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од с.Велмеј, охридско, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во специјална Болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.