(Видео) Нови инциденти во албанскиот парламент: пратениците активираа димни бомби, Рама ја напушти седницата

Видео-Нови-инциденти-во-албанскиот-парламент-пратениците-активираа-димни-бомби.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нови инциденти во парламентот на Албанија каде денеска во рок од пет минути со мнозинство гласови беше усвоен буџетот за 2024 година, но седницата ја одбележаа пратениците од опозицијата кои активираа димни бомби.


Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата направија барикади од столчињата, а потоа активираа димни бомби.

Опозициските пратеници се обидоа да ја блокираат говорницата со столчиња, но обезбедувањето ги спречи, по што опозиционерите Газмент Бард и Рамадан Лика се судрија со обезбедувањето.

Седницата траеше околу 5 минути, а буџетот беше начелно изгласан, бидејќи немаше расправа а собранието беше во чад, а во еден момент избувна и мал пожар.

На оваа седница присуствуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама, но набрзо ја напушти седницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK