Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди насилството врз палестинските цивили на Западниот Брег во телефонски разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти француското претседателство.
Во соопштението се наведува дека Макрон му рекол на Абас дека е неопходно палестинските власти и сите земји во регионот недвосмислено и со најголема решителност да го осудат нападот што го изврши Хамас во Израел на 7 октомври.
Француското претседателство наведува дека Макрон во разговор со Нетанјаху рекол дека во Газа има „премногу цивилни жртви“.
Макрон рече и дека е апсолутно неопходно да се разликуваат терористите од цивилното население во Газа, како и да се постигне итно примирје за да се достави хуманитарна помош, што треба да доведе до прекин на огнот.