Маж пред два дена се обидел да ја убие својата партнерка. Скопското обвинителство објави дека донело наредба за спроведување истражна постапка против едно него за обид за убиство.
Според деталите од Обвинителството, мажот по кратка вербална расправија зел нож со кој и’ се заканил дека ќе ја убие. Жената заедно со детето тргнала да бега кон домот на нејзините родители во близина, но мажот ја стигнал пред влезната врата на нивниот дом и и’ нанел повеќе убоди со ножот во пределот на грбот и вратот.
Доставен е предлог за притвор.