Спасовски за црната листа на САД: Лицата кои се занимаваат со криминал е нормално да бидат санкционирани

Спасовски-за-црната-листа-на-САД-Лицата-кои-се-занимаваат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на новиот објект на полициската станица од општа наделжност Аеродром, истакна дека очекува лицата кои се занимаваат со криминал да бидат ставени на црната листа на САД, откога вчера беа додадени, мајката на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина.


– Очекувам дека и други лица кои се занимаваат со криминал, кои не придонесуваат за борба против корупцијата, оние кои направиле огромно богатство, биле судени, одлежале казна затвор, нормално е да се санкционираат на секој можен начин, рече Спасовски.

Тој додаде дека очекува дебата во Владата во овој контекст и дека ќе се донесат одредени конкретни мерки.

„Очекувам да се создаде законска можност ваквите компании да не можат да учествуваат на јавни набавки, во кој што ќе се исплаќаат државни пари. Преку една дискусија ќе мораме да воведеме нормативни мерки кои ќе ги тангираат ваквите лица“, додаде Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK