Британското Министерство за одбрана мета на обвинувања за сексуални вознемирувања

Британското-Министерство-за-одбрана-мета-на-обвинувања-за-сексуални-вознемирувања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 60 вработени го обвинија британското Министерство за одбрана дека дозволило да “процвета токсична“ атмосфера и машките колеги да ги малтретираат колешките, објави денеска британскиот весник „Гардијан“.


Жените вработени во тоа министерство во писмо до нивните претпоставени наведуваат дека „секојдневната работа во седиштето на министерството, им го отежнува однесувањето кое се смета за токсично и несоодветно во јавниот живот, но се толерира во рамките на Министерството за одбрана“.

„Изложени сме на погрдни зборови, жртви сме на несакано внимание и сексуално вознемирување, вклучувајќи наметливи погледи, сексуални коментари и постојани забелешки за нашата облека, изгледот или парфемот“, се наведува во писмото.

Министерството за одбрана соопшти дека прави се за да се реши ова „длабоко загрижувачко прашање“.

Синдикатот ФДА, кој ги застапува директорите на државните служби, повика на „итна истрага за овие наводи“.

„Приказните за искуствата на овие жени се длабоко вознемирувачки. Секој има право да биде третиран со достоинство и почит на своето работно место“, велат од Синдикатот.

Министерството за одбрана не е првата британска јавна организација која се соочува со вакви обвинувања во последните години,пишува медиумот.

Лондонската полиција, пожарникарите и парламентот се обвинети дека дозволиле да „процветаат сексистичка култура и акти на морално или сексуално вознемирување“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK