Вчера попладне, во 12.50 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 48-годишниот Ќ. С. од Кавадарци, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 5.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче, сопственост на С. Н. (44) од Кавадарци“, соопшти МВР.
На К. С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.