Малата Емили го прослави својот 9-ти роденден во рацете на Хамас, нејзиниот татко не губи надеж: „Ќе славиме кога ќе се врати дома“

Малата-Емили-го-прослави-својот-9-ти-роденден-во-рацете-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Емили Хенд, девојката за која првично се мислеше дека е убиена, но нејзиното семејство неодамна доби информација дека најверојатно е киднапирана и во рацете на Хамас, денес го прослави својот 9-ти роденден далеку од најблиските.


Емили била киднапирана од нејзиниот кревет во кибуц Бери додека била во посета на пријател на 7 октомври, кога Хамас ненадејно го нападнал Израел.

„Ќе славиме кога таа ќе дојде дома. Потоа ќе направиме голема забава со подароци, балони и торта и ќе бидат поканети сите нејзини пријатели”, рече таткото на Хенд.

Томас испратил и директна порака до Хамас, кој ја држи неговата ќерка.

„Тие не се војници, тие се само деца. Ве молиме пуштете ги“, рече тој.

Тој едвај ги задржа солзите во пресрет на нејзиниот роденден, признавајќи дека сè уште не може да замисли низ што поминува таа.

Тој ветил дека кога ќе се врати дома, нема да ја прати на училиште барем една година.

„Ќе и го подариме светот, само среќни времиња“, рече тој и истакна дека само сака Емили да се врати дома.

Интервјуто што го дал нејзиниот татко во времето кога се мислело дека таа е мртва го обиколи светот. Тој тогаш рече дека му олеснало мислејќи дека таа е мртва, а не е во рацете на Хамас, но подоцна рече дека жали за тие зборови.

Денес тој само сака повторно да ја прегрне својата ќерка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK