Зеленски: Русија подготвува државен удар во Украина

Зеленски-Русија-подготвува-државен-удар-во-Украина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Украина со предизвикување „хаос“ во земјата.


Во изјава за Блумберг тој изрази загриженост за внатрешната стабилност и безбедност на Украина, во околностите на актуелниот конфликт со Русија.

Според него, Русија подготвува операција наречена „Мајдан-3“, со цел да предизвика државен удар во Украина.

„Нашата разузнавачка служба има такви информации, кои дојдоа и од нашите партнери“, рече Зеленски, пренесува „Униан“.

Терминот „Мајдан“, по централниот плоштад во Киев, се однесува на серија протести што се одржаа во Украина во 2013-2014 година, а што доведе до промена на власта и соборување на прорускиот поранешен претседател Виктор Јанукович.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK