Послаб земјотрес е регистриран утрово во 7 часот и 50 минути на два километри североисточно од Петриња, со епицентар во Нова Дренчина.
Според податоците на Сеизмолошката служба на Хрватска, земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил III степен од ЕМС.