По Орце и мајка му Ратка Куноска Камчева ставена на црната листа на САД

По-Орце-и-мајка-му-Ратка-Куноска-Камчева-ставена-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајката на бизнисменот Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина се најновите имиња на црната листа на САД објавена денеска.



Како што се наведува во одлуката, лицата и компаниите кои се опфатени со санкциите се ставени на листата поради коруптивните и незаконски активности, како и поради нивната поврзаност со Орце Камчев, кој беше ставен на црната листа во јули 2023 година.

„Денешното соопштение е предупредување за поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот дека Соединетите Држави бараат одговорност од корумпираните актери. Оваа ознака е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство“, се наведува во соопштението на американската амбасадорка Анџела Агелер.

Меѓу компаниите кои се опфатени со санкциите се: заедничката обложувалница на Самсоненко и Камчев „Бет Сити“, „Орка Холдинг“, „Камчев Консалтинг“, „Орка Фајнанс“, „Систина лајф кер центер“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK