Лоша игра и пораз на У-21 репрезентацијата од Грузија

Лоша-игра-и-пораз-на-У-21-репрезентацијата-од-Грузија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ ffm.mk


Младата репрезентација на Македонија, фудбалери до 21 година, доживеаја пораз на домашен терен од Грузија со 0:1, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Првите 45. минути минаа во тактичко надмудрување на двајцата селекторо. Таквата определба на двете селекции не деноесе ниту една вистинска шанса за гол.

Во продолжението од средбата, Грузија одигра подобро, константно ја притискаше одбрамата на Македонија, а победникот го решисо евроголот на Маматашвили во 54.минута.

Во финишот на натпреварот црвени картони добија капитенот на Македонија Илиевски и играчот на Грузија Масурадзе.

Македонија е претпоследна во групата со победа и три порази, додека Грузија ја запиша втората победа. Пред Македонија на табелата се Холандија, Грузија, Шведска и Молдавија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK