Арсовска учествуваше во еко акција за садење во парк шумата Водно

Арсовска-учествуваше-во-еко-акција-за-садење-во-парк-шумата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска учествуваше во еко акција заедно со Ротари клуб Скопје Водно и ЈП „Паркови и зеленило“ за садење во парк шумата Водно.


Во рамките на оваа заедничка есенска акција ќе се засадат над 100 дрвја на повеќе локации во парк шумата, со цел зазеленување, пошумување и зголемување на шумскиот фонд.

„Сите акции за пошумување се повеќе од добредојдени во Скопје, со цел заштита на животната средина, а садењето нови дрвја и садници, уредување нови зелени паркови површини и зелени коридори е еден од приоритетите од програмата За модерно Скопје, за која цел континуирано реализираме активности за остварување на овие цели. Во тек е реализација на големата есенска акција за садење и за уредување на градското зеленило, а оваа акција е во согласност со нашите програмски заложби да го направиме Водно зелен штит на Скопје“, велат од Град Скопје.

Град Скопје, додаваат од таму, континуирано работи на заштита, зачувување, одржливо и совесно однесување кон природните убавини на планината Водно со цел подобрување на целокупната грижа за планината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK