Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Пробиштип го лишиле од слобода С. Ј. (33) од с. Пишица, Пробиштипско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин, воздушна пушка, сигнален пиштол и 87 патрони во различен калибар. Во координација со јавен обвинител лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.