Вчера во 14 часот и 45 минути во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 60-годишниот тетовец Д.Б.
Тој претходно бил пријавен од неговата 56-годишна сестра дека во семејниот дом физички ја нападнал нивната 79-годишна мајка.
Задржан е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопшти полицијата.