Почина 54-годишен маж од Струшко: возилото во кое се превезувал паднало во бездна, повредени и две други лица

Почина-54-годишен-маж-од-Струшко-возилото-во-кое-се-превезувал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчеравечер во 22 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „опел корса“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А.Р. од струшко Долна Белица, излетало од коловоз и паднало во бездна.


Во несреќата, сопатникот во возилото З.А.(54), исто така, од Долна Белица се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, додека возачот и другиот сопатник Б.И.(41) од струшко Велешта завршиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK