Менаџерот откри зошто Тудор го одбил Наполи

Менаџерот-откри-зошто-Тудор-го-одбил-Наполи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Игор Тудор (45) беше главен кандидат за преземање на Наполи. Сигурни инсајдери, како Фабрицио Романо, Џанлука Ди Марци и Никола Скира, последните денови тврдеа дека хрватскиот стручњак е првиот фаворит за преземање на италијанскиот шампион. Сепак, работата ја доби Валтер Мацари (62), кој по 10 години се врати во Неапол.


Менаџерот на Тудор, Ентони Сериќ во интервју за „Газета дело Спорт“, откри зошто неговиот клиент ја одбил понудата.

„Наполи сакаше тренер кој ќе игра во формација 4-3-3 и преговорите беа насочени кон развојот на тоа. Но, кога е Тудор во прашање, јасно е каква динамична игра сака со широки поставени бекови“, изјави Шериќ.

Менаџерот потврди дека Тудор не сакал да биде „пожарникар“ кој ќе го спасува клубот.

„Игор сака долгорочен проект, никогаш не би прифатил седуммесечен договор“, додаде Шериќ и ги опиша преговорите: „Наполи рече дека го сака, а ние го кажавме своето мислење. Тие рекоа дека ќе не известат дали би го земале Тудор на најмалку 18 месеци месеци, но не ни се јавија“.

На прашањето дали Наполи понудил договор во кој има клаузула за продолжување на соработката, Шериќ одговори: „Преговорите не отидоа толку далеку. Мораа да понудат подолга опција. Тудор има принципи, парите доаѓаат подоцна“.

Да потсетиме, францускиот „Лекип“, напиша дека Тудор и претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис договориле двегодишна соработка, но само од крајот на сезоната.

Мацари треба да ја заврши оваа сезона, а потоа Тудор би го презел тимот на лето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK