Жена во инвалидска количка од метежот не успеа да влезе во преполната 57-ца утрово, граѓаните реагираат на социјалните мрежи

Жена-во-инвалидска-количка-од-метежот-не-успеа-да-влезе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жена во инвалидска количка од метежот не успеа да влезе во преполната 57-ца утрово. Низа реакции на социјалните мрежи повторно за јавниот превоз во Скопје.


„Ова што се случува со најпрометната линија во Скопје, 57-ца, сите граници ги помина. Жално. Возрасна жена во инвалидска количка не успеа да влезе во 57-ца на автобуска постојка во Бутел. Автобусот преполн. Возачот не беше виновен оти тој пред него автобус не поминал, бил дефект. Некои му забележаа дека требаше да ја прими и покрај гужвата. А како да ја прими кога немаше игла кај да падне. Се симнав на пазарчето. Принудена поради гужвата и ги гледам новите социјални згради и си викам, како целиот овој народ ќе се движи. 57-ца вози на иста релација над 30 години“, пишува во Фејсбук статусот на Ирена Радовановиќ.

 

Како што се дополнува во објавата, се вели дека Скопје не е исто од пред 30 години.

„На оваа релација треба или почесто автобуси, како што беше пред Данела да стане градоначалничка или да се воведат уште нови линии. Дотичната градоначалничка, заедно со раководството на ЈСП, нека повелат на утринско возење во 57-ца. Додуша сеедно кое време, 57-ца секогаш е преполна, порача таа на својот фејсбук профил“, пишува Ирена Радовановиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK