Градскиот мешан хор ,, Вардар “ од Скопје на 16 ноември, 2023 година ќе одржи Годишен концерт со композиции од европската и италијанска ренесанса под диригентсво на Марија Андонова, во Музејот на македонската борба за самостојност во 19 часот и 30 минути.
На концертот публиката ќе има можност да се запознае со ренесансната ” а капела” музика од 15 и 16 век која мошне ретко се изведува кај нас. Оваа музика одишува со специјален вокален стил што бил создаван во монументалноста на ренесансниот период со сложена полифона фрма.
Градскиот мешан хор,, Вардар “ од Скопје во изминатиот период од 23 година во континуитет и со голем ентузијазам неуморно работи и презентира хорска музика, како во нашата земја, така и во странство постигнувајќи успеси и добивајќи признанија.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија.