Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети оствари средба со францускиот специјален преставник за Западен Балкан, амбасадорот Рене Троказ, придружуван од амбасадорот Сирил Баумгартнер, поранешниот амбасадор Бернар Валеро како и Матие Абграл, од мисијата за Балканска Европа при Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.
Речиси три часа претседателот Ахмети и француските претставници ги елаборираа политичките случувања во земјата и во регионот, при што главно се фокусираа на уставните измени и евроинтеграциите, вклучително и изборите во земјава, како и дијалогот меѓу Косово и Србија.
Без уставните измени европскиот пат е блокиран, беше потенцирано на средбата, додека пречка за одобрување на уставните измени е намерното блокирање на евроинтеграциите.
Граѓаните и државата немаат време за калкулации за партиски придобивки на сметка на нивната европска иднина.
Во меѓувреме, во однос на дијалогот меѓу Косово и Србија, претседателот Ахмети истакна дека меѓусебното признавање е единственото решение кое гарантира мир, безбедност и стабилност во целиот регион.