Актерката Софија Вергара (51) на социјалните мрежи ги покажа своите вештини за шминкање. Им нанела пудра на своите пријателки и им ги објаснила чекорите на процедурата и ефектите од пудрата.
Во опуштено домашно издание, со пуштена коса, Софија им се пофали на обожавателите дека знае и да ги шминка другите.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Нејзините статисти се две лица, најверојатно нејзини пријателки кои седат мирно, препуштени на вештите раце на актерката, според написите. Следбениците забележале дека таа не го намокрила сунѓерчето за нанесување пудра, па ја критикувале.
„Софија, те молам прво намокри го тој сунѓер“, напишаа фановите под видеото.
Неодамна, таа неколку пати беше видена во јавноста со познатиот хирург Џастин Салиман.