– Царината и другите владини агенции во Западен Балкан ќе остварат уште поблиска соработка за искористување на потенцијалот на веќе воспоставените партнерства во постојаното развивање на дигиталниот пејзаж.
Овие беа едни од клучните резултати од Регионалната конференција за олеснување на трговијата, на тема „Унапредување на соработката во дигиталната ера одржана од 8 до 9 ноември во Тирана. Конференцијата собра приближно 200 истакнати претставници и бизнис лидери од целиот Западен Балкан, Молдавија, земјите-членки на ЕУ, Комисијата на ЕУ, СЦО и Соединетите Американски Држави. Конференцијата беше организирана во рамките на проектот на ГИЗ „Поддршка на регионалната економска интеграција“, финансиран од Европската унија и германската влада, во соработка со Генералниот директорат за царина на Албанија.
Г. Ервин Мете, министер за финансии и економија на Албанија, го истакна напредокот постигнат во регионалната економска интеграција, нагласувајќи дека Берлинскиот процес претставува ветувачка шанса за остварување на нашите заеднички цели во областа на економската интеграција и развојот на балканскиот регион. „За таа цел, од исклучителна важност е усогласувањето на царинските процедури со единствениот Европскиот пазар. Оваа конференција дава драгоцена можност не само за размена на заеднички визии и идеи, туку и за изградба на нови мостови на соработка. Верувам дека успешно ќе ја исполниме оваа цел“, изјави г. Мете.
Н.Е. Карл Бергнер, германски амбасадор во Албанија, го истакна значењето на заедничките напори за економскиот раст на регионот. „Регионалната економска интеграција е од суштинско значење за успех со економските реформи во економиите на Западен Балкан и зајакнување на нивната посветеност да креираат ефикасни трговски политики кои можат да се надополнат со идните обврски за пристапување кон Европската унија. Главниот приоритет на овие напори е да се забрза агендата за проширување во регионот и имплементацијата на иницијативите од Берлинскиот процес, кои станаа составен дел од политиката на ЕУ кон регионот“, рече тој.
Г. Генти Гажели, генерален директор на Царинската управа ја истакна важноста на адаптивните стратегии за олеснување на трговијата. „Царината е првата порта кон процесот на европска интеграција и затоа усогласувањето на царинските постапки со оние на единствениот европски пазар е најважно. Навистина, олеснувањето на деловните активности има позитивно влијание врз економијата под услов процедурите да се спроведуваат ефикасно и ефективно. Олеснувањето на царинските процедури за увоз, извоз и транзит на стоки носи повеќекратни придобивки, го зголемува обемот на трговија и истовремено ја намалува бирократијата и скапите доцнења во трговските активности и административните трошоци на граница“.
Д-р Хуберт Пер, шеф за соработка, Делегација на ЕУ во Албанија, изјави дека работата во рамките на трговското олеснување е од суштинско значење, како за развој на регионалниот пазар, така и за интеграција на единствениот пазар на ЕУ. Тој ја потврди посветеноста на Европската унија за поттикнување на соработката и интеграцијата во регионот: „Новиот план за раст за Западен Балкан ја покажува посветеноста на ЕУ за проширување, забрзана интеграција, со цел да се одговори на социо-економската конвергенција – токму сега“.
Г. Филипе Дупонтил, директор за дигитална испорака на царински и дигитални даночни политики (DG TAXUD) од Европската комисија изјави дека „соработката, партнерството и довербата се три збора кои одат рака под рака во царинскиот свет. Овие три збора беа светилници во Европската комисија во изминатите две години. На 17 мај 2023 година, Комисијата го усвои пакетот за Царинска реформа на ЕУ. Тоа се најголемите и најамбициозните реформи од основањето на нашата Царинска унија во 1968 година. Соработката, партнерството и довербата меѓу трговците, меѓународните партнери и царинските органи се во нејзината основа. Главната цел на реформата е уште повеќе да се поедностави животот на усогласените и доверливи економски оператори. Програмата ОЕО ја постави основата за оваа доверба, но ние сакаме да ја доведеме оваа врска на следното ниво“, објасни тој и истакна дека вистинската промена на играта – што е и причината зошто сум многу задоволен од насловот на оваа конференција на високо ниво – е фактот дека оваа „врска на следно ниво“ е целосно ослободена преку дигитални средства. Доверливите и проверени трговци ќе треба да управуваат со електронски систем, кој овозможува достапни податоци во реално време за движењето на нивната пратка и нивната усогласеност со сите релевантни барања, преку Царинскиот центар за податоци на ЕУ“.
Г. Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, изјави дека промовирањето на регионалното трговско олеснување е високо на агендата на СЦО. „Во пракса, пристапот „Единствен прозорец“ како платформа за дигитална соработка, ќе ја поддржи Царината да обезбеди едношалтерски услуги за бизнисот со засилено координирано гранично управување, со вклучување на други владини агенции и да го забрза трговското олеснување кон трговијата без хартија, па дури и без контакт во иднина. Оваа соработка бара соработка на домашно, но и регионално ниво меѓу царинските управи и со други владини агенции, за што е потребна политичка волја и доверба, релевантни за темата на оваа конференција“, додаде тој.
Г-ѓа Тања Бошковиќ, раководител на проектот ГИЗ, ја истакна важноста на соработката во економската интеграција на регионот, нагласувајќи ја важноста на олеснувањето на регионалната трговија како мултисекторски, повеќедимензионален и мултиинституционален напор, барајќи од Царина и другите владини агенции да работат рака под рака за унапредување на регионалната соработка и интеграција.
Г-ѓа Инес Муцостепа, претседател на Сојуз на стопански комори на Албанија, изјави дека Инвестицискиот форум на 6-те комори на Западен Балкан има направено студија која ги презентира предлозите на бизнис секторот до Западен Балкан и креаторите на политиките на ЕУ, од кои некои се инвестиции во повеќе зелени и сини ленти, прво воспоставување зелени ленти низ регионот, а потоа и на границите на ЕУ, заемно признавање на сертификати за овластен оператор, вклучително и дефинирање посебни ленти за најчесто користените гранични премини со ЕУ, усогласување на административните процедури и користење на единствени дигитални системи итн.
Конференцијата понуди единствена можност да се добие увиди од најдобрите практики, не само во ЕУ, туку и од целиот свет. Овие сознанија служат како суштински ресурси за зајакнување на минатите успеси и промовирање на поефикасна соработка во рамките на Западен Балкан и со ЕУ.
Конференцијата претставуваше одлична можност за споделување на најдобрите практики не само во рамките на ЕУ, туку и на глобално ниво, со цел промовирање на ефективна соработка во рамките на Западен Балкан и со ЕУ. Конференцијата поттикна динамични дискусии кои предвидуваат пат кон економската иднина на регионот и се залагаат за прогресивна соработка. Повикот за иновации и нов пристап кон олеснување на трговијата одекна меѓу присутните, ветувајќи светла и силна траекторија за економскиот просперитет на регионот.