Не успеа во Црвена звезда, игра за Лече, сега го следи Манчестер јунајтед

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црногорскиот фудбалер Никола Крстовиќ е желбата на Манчестер јунајтед, пренесува „Калчомеркато“.


Гигантот од „Олд Трафорд“ бара засилување во нападот за јануари или на лето, а изборот би можел да биде црногорскиот репрезентативец.

Крстовиќ на почетокот на оваа сезона пристигна Лече од Дунајска Стреда, а во дресот на новиот клуб досега постигна шест гола во сите натпреварувања.

За само неколку месеци во Серија А успеа да го сврти вниманието кон себе, а пред Јунајтед се поврзуваше и со Интер.

„Калчомеркато“ додава дека еден од двата најголеми англиски клуба размислува за напаѓач кој би можеле да го доведат веќе во јануари или на лето, без да мораат да потрошат многу пари за него, поради тоа во нивниот фокус е Крстовиќ.

Оваа информација ја пренесоа и медиумите од Островот, кои додаваат дека Крстовиќ би можел да внесе длабочина во нападот на Јунајтед.

Се зборува дека Крстовиќ е одличен во завршницата и има физички предиспозиции да успее во Премиер лигата, но и да биде долгорочно решение за Јунајтед.

Крстовиќ има 23 години, кариерата ја започна во Зета, додека од 2019 до 2021 година играше за Црвена звезда и постигна три гола на 27 натпревари.

По кратка позајмица во Графичар, тој се пресели во Словачка каде постигна 37 гола на 66 натпревари, 18 претходната сезона.

Лече за четири милиони евра го донесе од Дунајска Стреда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK