Руските сили за воздушна одбрана соборија четири украински беспилотни летала над регионите Брјанск, Тамбов и Москва во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
Гувернерот на областа Ојол Андреј Кличков претходно соопшти дека дрон е соборен на северозапад од регионот, дека нема повредени и дека инфраструктурата не е оштетена, јавува агенцијата РИА Новости.
Русија, откако ја нападна Украина во февруари минатата година, често најавува обиди за напад на украински беспилотни летала на пограничните области, полуостровот Крим и Москва.