Меси: Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот

Меси-Гвардиола-му-нанесе-голема-штета-на-фудбалот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси изјави дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола „му нанел голема штета на фудбалот“.



Аргентинецот објасни дека многу тренери се обидуваат да го копираат каталонскиот стручњак, пренесува шпански „Мовистар плус“.

Меси и Гвардиола работеа заедно од 2008 до 2012 година во Барселона. Многу експерти тврдат дека тој тим на Барселона го играл најубавиот фудбал во историјата на овој спорт.

„Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот. Сите мислат дека ќе биде лесно ако го копираат неговиот стил. Но, се разбира, тоа не е така”, изјави Меси.

На прашањето дали мисли дека Гвардиола е најдобриот тренер во историјата на фудбалот, Меси одговори:

„Нема сомнеж дека Гвардиола е многу посебен. Особено начинот на кој тој гледа на секој натпревар, начинот на кој се подготвува за секој натпревар и начиниот на кој разменува тактики со вас“, истакна Меси.

Гвардиола беше тренер на Барселона од 2008 до 2012 година, а потоа од 2013 до 2016 година го водеше Баерн.

Тој е менаџер на Манчестер сити од 2016 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK