Нов пожар на Хаваите ја уништува прашумата

Нов-пожар-на-Хаваите-ја-уништува-прашумата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во шумски пожар во прашумата на Хаваи, уништено е шумско земјиште, кое е дом на околу 20 многу чувствителни видови растенија.


Пожарот изгоре 6,5 квадратни километри откако првпат беше забележан на 30 октомври, јавува Гласот на Америка.

Во шумата растеше папратот „улухе“, кој често расте во дождовните шуми на Хаваите, и дрвјата „коа“ од кои традиционално се правеа кануа, даски за сурфање и укулели, пренесува Гласот на Америка.

Пожарот гореше најмногу во Националното засолниште за диви животни во шумата Оаху, дом на 22 видови наведени како загрозени од американската влада, вклучувајќи ги и птиците иви и елепајо, полжавот што живее на дрво и сивиот лилјак.

Според официјалните информации, во пожарот нема повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK