Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), набљудувачка група со седиште во Велика Британија, објави дека за време на денешните воздушни напади врз две ирански бази во југоисточниот дел на Сирија, биле убиени осум членови на милитантни групи поддржани од Иран, од кои повеќето не биле Сириските граѓани.
Во нападите наводно биле уништени магацини за оружје во околината на Албу Камал, како и платформа за лансирање ракети во близина на Мајадин.
Дополнително, SOHR соопшти дека милитантните групи поддржани од Иран истрелале проектили врз американските бази во гасното поле Коноко и нафтеното поле Ал-Омар во Сирија во текот на ноќта, но засега нема извештаи за американски жртви.
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин истакна дека со овие напади САД јасно ставаат до знаење дека ќе го бранат својот персонал и интереси, пренесе Би-Би-Си.
Во средата, САД започнаа напад врз складиште за оружје што го користеше ИРГЦ во источна Сирија.