Кај починато бебе од Прилеп била најдена Ешерихија коли во дишните патишта при приемот на Детска клиника, вели директорката Нацева-Фуштиќ

Вонредни-инспекции-во-прилепската-болница-по-смртта-на-новороденчето-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бактерија Ешерихија коли била најдена во дишните патишта кај бебето од Прилеп кое почина вчера на Детската клиника во Скопје. Лекарите ја откриле бактеријата при прегледот за време на приемот во Скопје, вели за „Макфакс“ директорката на клиниката Стојка Нацева –Фуштиќ. Таа потврди дека бебето ги имало двата најголеми индикатори на сепса, за која вели дека не може ниту да се претпостави каков замав ќе земе. Бебето од Прилеп било примено на Детска клиника на петти ноември, во лоша состојба, млитаво, со нарушена свест и со повремени прекини во дишењето.



„Бебето кај нас беше примено со висок прокалцитонин, кој е маркер за воспалителни процеси во телото и еден од индикаторите за рана неонатална сепса. Исто така беше утврдена и нарушена коагулација, во сите испитувани времиња коагулацијата на крвта беше нарушена, што исто така е индикатор за сепса. Од дишните патишта на бебето беше изолирана бактерија Ешерихија коли која се смета за еден од најчестите причинители на сепса, но бактеријата не беше потврдена во хемокултурата. Имаме два наода на хемокултура кои се негативни, но треба да имаме предвид дека бебето веќе беше на антибиотска терапија. Состојбата му се влошуваше, му откажаа бубрезите, имаше попрогресивен тек на болеста, нешто што не може да се предвиди каков замав ќе земе, а исходот беше летален, седум дена по приемот кај нас“, вели директорката Нацева – Фуштиќ за „Макфакс“.

Пред да стигне на Детската клиника во Скопје бебето три дена било во болницата во Прилеп. Мајката на социјалните мрежи сподели сомневања во лекарите за кои вели дека прво почнале да ја подготвуваат да си замине дома по пордоувањето, заедно со бебето, но за кусо време и кажале дека мора да ги задржат дополнително со објаснување дека бебето има жолтица. Таа вели дека и кажале дека родила здраво  бебе кое во првата минута од животот ги добило највисоките оценки, АПГАР 10, и никој не ја известил за некаков проблем, па прашува што се случило за таа дома да си замине со празни раце.

Директорката Нацева – Фуштиќ нема сомневања дека се работи за рана неонатална сепса предизвикана при породувањето.

„Индикаторите за сепса ние ги откривме уште третиот ден по раѓањето, кога бебето беше донесено кај нас. Такви инфекции се појавуваат за време на породувањето кога бебето минува низ родилните патишта или пак при предвремено пукање на водениот меур. Во случаи кога инфекцијата е пренесена од персоналот, индикаторите за сепса се јавуваат подоцна, на седмиот ден и ова е податок кој секој педијатар го знае, но секако во болницата во Прилеп веќе се прават анализи“, вели директорката Нацева – Фуштиќ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денес извести дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK