Британскиот премиер, Риши Сунак, ја смени министерката за внатрешни работи Суела Браверман, соопшти денеска владин извор.
Браверман минатата недела објави напис во кој ги критикуваше постапките на полицијата за време на маршот за поддршка на Палестинците, пренесе „Ројтерс“.
Критичарите велат дека нејзиниот став помогнал да ги подгрее тензиите и да ги охрабри десничарските демонстранти да излезат на улиците на Лондон, ставајќи го премиерот Сунак под притисок да преземе акција, наведува агенцијата.