Најголемата болница во Газа пред целосен колапс, три бебиња починаа поради недостиг на струја; СЗО: „Светот не може да молчи за ова“

Најголемата-болница-во-Газа-пред-целосен-колапс-три-бебиња-починаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека болницата „Ал-Шифа“ во градот Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека бројот на смртни случаи во болницата „значително се зголемил“. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека „константното пукање и гранатирање“ во областа околу болницата „ја влоши веќе критичната ситуација“.


Тој на мрежата Х напиша дека СЗО успеала да стапи во контакт со здравствените работници во болницата „Ал-Шифа“, а ситуацијата во таа болница ја опиша како „страшна и опасна“.

„Поминаа три дена без струја, без вода и со многу слаб интернет, што сериозно влијаеше на нашата способност да ја обезбедиме потребната нега“, рече Тедрос.

Тој посочи дека светот не може да молчи додека болниците, за кои се претпоставува дека се безбедни засолништа, се претвораат во сцени на смрт, уништување и очај.

Шефот на хирургијата во болницата „Ал-Шифа“, Марван Абу Саада, за Би-Би-Си изјави дека третото предвремено родено бебе починало поради недостиг на струја.

Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, соопшти дека најмалку 2.300 луѓе се уште се во болница.

Според овие бројки, објавени од СЗО на мрежата Х, во болницата има 600-650 пациенти, 200-500 здравствени работници и приближно 1.500 внатрешно раселени лица.

Се нагласува дека недостигот на струја, вода и храна ги доведува во непосредна опасност животите на луѓњто.

СЗО го повтори повикот за „итен прекин на огнот и активна заштита на цивилите и здравствената заштита“.

Израел тврди дека постои мрежа од тунели на Хамас под болницата „Ал-Шифа“, но палестинската милитантна група ги отфрла овие тврдења.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK