Почина осуммесечното бебе Инди за кое се молеше цел свет: судот донесе одлука да ја исклучи од апаратот

Почина-осуммесечното-бебе-Инди-за-кое-се-молеше-цел-свет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бебето Инди Грегори, кое се најде на светските наслови поради контроверзноста околу нејзиното лекување, почина откако беше исклучена од апаратот за дишење.


Осуммесечната Инди, која боледувала од неизлечива генетска митохондријална состојба, била вклучена во неколку случаи на Високиот суд и Апелациониот суд во Велика Британија.

Судиите одлучија уредите на кои таа била поврзана да бидат исклучени, но Италија интервенираше минатата недела. Тогаш бебето доби италијанско државјанство и во последен момент започна правна процедура за да го донесат на лекување во болница во Рим.

За жал, тој обид не успеа во петокот, а на нејзините родители Дин и Клер им беше кажано дека ќе ја исклучат од апаратот.

Инди беше пренесена од медицинскиот центар на кралицата во Нотингем во болница каде што почина во раните утрински часови во понеделникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK