Дали претпочитате повеќе кучиња или мачки – што открива тоа за вашата личност

Дали-претпочитате-повеќе-кучиња-или-мачки-–-што-открива-тоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој има своја желба кога станува збор за домашни миленици. Веќе е општо познато дека кучињата и мачките се најпопуларниот избор, но дали знаевте дека вашиот одговор на прашањето дали преферирате кучиња или мачки може да каже многу за вас?



И кучињата и мачките се мили животни и се одлични миленици, но дали знаевте дека вашата преференција помеѓу кучињата и мачките кажува многу повеќе за вас отколку што мислевте.

Една од најзначајните разлики е тоа што љубителите на кучиња се значително подружељубиви и поекстровертни луѓе од љубителите на мачки, кои повеќе го ценат својот мир, поминувањето време во својот дом и – се поинтровертни.

Психолошките истражувања покажуваат дека сопствениците на кучиња во просек се значително посоцијални од сопствениците на мачки, сакаат да се дружат во големи групи луѓе и се поактивни, пишува Jolie.hr.

Покрај тоа, љубителите на кучиња често се многу самоуверени и гласни во општеството и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Додека, генерално, сопствениците на мачки се повеќе домашни типови. Сопствениците на кучиња често се спортисти и рекреативци.

Друг интересен факт е дека сопствениците на кучиња имаат специфично однесување кога се во друштво со други сопственици на кучиња, како да го имитираат однесувањето на своите миленици – според психолозите.

Сепак, сопствениците на мачки често се интелектуално напредни луѓе. Љубителите на мачки немаат многу голем круг на пријатели, но оние што ги имаат се навистина лојални доживотно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK