Израелски тенкови влегле во централните улици на Газа

Израелски-тенкови-влегле-во-централните-улици-на-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелски тенкови се забележани на централните улици на градот Газа, изјавија синоќа очевидци, а палестинската Црвена полумесечина соопшти дека тие се на дваесетина метри од болницата Ал Кудс.


Црвената полумесечина соопшти дека илјадниците бегалци кои побарале засолниште во болницата се во голем страв. Од 18 возила на Црвената полумесечина на северот на Појасот Газа, само седум се уште работат, а и тие би можеле да застанат во рок од неколку часа поради недостиг на гориво, предупреди организацијата.

На почетокот на неделата израелската армија објави дека копнените сили стигнале „длабоко“ во градот Газа. Оттогаш, Израел континуирано ги повикува цивилите на северот да се движат кон јужниот дел на Појасот Газа.

Хамас ја загуби контролата над северниот дел на Појасот Газа, изјави синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Борците на Хамас веќе немаат безбедно место за криење“, рече тој. Израел ја обвинува палестинската организација Хамас, која го контролира Појасот Газа, дека користи цивили како жив штит.

Најголемата болница во Појасот Газа ја прекина својата работа поради интензивните борби на северната палестинска територија, соопшти во саботата Министерството за здравство на Хамас.

Гасан Абу-Сита, лекар кој работи во болницата Ал-Шифа во Газа, рече дека нема струја и болницата повеќе не функционира.

„Поголемиот дел од персоналот си замина“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK