МВР за нападот во продавницата за бела техника: настанот е од септември, насилниците се приведени

МВР-за-нападот-во-продавницата-за-бела-техника-настанот-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако неколку медиуми споделија видео од напад врз вработен во скопска продавница за бела техника, МВР се огласи за случајот. Од тука велат дека се работи за настан од пред месец и пол, а напаѓачите уште тогаш се приведени.



„Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени.

Имено, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25 септември ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20 септември во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје“, велат од МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.

МВР порачува да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK