Се огласи пилотот кој сакал да собори авион полн со патници: од затвор откри што се случило и зошто ги исклучил моторите

Се-огласи-пилотот-кој-сакал-да-собори-авион-полн-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот пилот Џозеф Емерсон (44), кој за малку ќе собореше патнички авион над Алјаска, изјави дека два дена пред инцидентот на летот земал психоделични печурки, а потоа не спиел во следните 48 часа.


Тој од затвор зборуваше за „Њујорк тајмс“ и рече дека на денот на инцидентот, 22 октомври, не можел да разликува што е реалност, а што не.

Емерсон изнесе вознемирувачки признанија за инцидентот за време на кој за малку ќе убил 83 луѓе, потоа уринирал врз себе, се соблекол и на крајот се обидел да избега од притвор. Тој се соочува со 83 точки од обвинение за обид за убиство, по една точка за сите во авионот, но се изјасни за невин.

Емерсон рече дека два дена пред летот почувствувал дека неговото разбирање за реалноста е заматена, а и испратил порака на сопругата неколку моменти пред полетувањето, велејќи дека е очаен да си оди дома.

„Сакам само да те гушнам“ и рекол на сопругата.

Емерсон не бил на должност и требал да има лесен лет до Сан Франциско седејќи во пилотската кабина. Други пилоти рекоа дека тој брзо покажал знаци на необично однесување. Кога авионот достигнал височина, Емерсон ги фрлил слушалките.

„Не ми е добро“, им рекол на колегите.

Тој одеднаш ги зграпчил рачките за итни случаи над главата, што довело до очајна борба меѓу него и другиот пилот. Летот бил принуден да го промени курсот и да се пренасочи кон Портланд.

Емерсон го даде интервјуто од соба за посети во затворот во округот Портланд каде што е задржан без кауција. Тој им призна на новинарите дека застрашувачкиот инцидент бил резултат на психоделичен „лош трип“ со којшто не успеал да се справи.

Рече дека тој и неколку пријатели отишле на викенд патување во државата Вашингтон во чест на својот најдобар пријател Скот Пини, кој почина во 2018 година. Пини, кумот на свадбата на Емерсон, загинал додека џогирал за време на службено патување на Хаваи, а пилотот рекол дека од тогаш носи ѓердан во кој се наоѓа пепелта на неговиот пријател.

Заедно, мажите земале печурки за кои го уверувале дека нема да го натераат да падне на тестот за дрога и ќе се потрошат за неколку часа, но Емерсон рекол дека има страшно чувство. Тој наведува дека станал параноичен и верувал дека неговите пријатели можеби планираат да го повредат.

„Се плашев од моите пријатели“, рекол Емерсон.

Тој наведува дека и следниот ден бил трауматизиран и дека неосновано се загрижил за семејството. Тој исто така рекол дека не можел да спие пред да се качи на летот и дека го обзело чувството дека сонува.

Го фатила паника бидејќи му се чинело дека персоналот на авиокомпанијата не ги почитува протоколите и дека верува оти извикувал ‘помош’, но не добил одговор.

Тој не се сеќава дека пилотите му ги фатиле зглобовите откако ја повлекол рачката за итни случаи. Емерсон потоа брзо ја напуштил пилотската кабина и се упатил низ авионот, мислејќи дека сè уште сонува, бидејќи никој не реагирал.

Успеал да дојде и до телефонот и да им прати порака на пријателите со кои бил на одмор.

„Имам психички слом и се обидов да ги изгаснам двата мотори на летот за дома“, им напишал на своите пријатели.

Тој и испратил порака на сопругата.

„Направив голема грешка“ напиша кусо.

Бизарната епизода на Емерсон продолжила и по слетувањето. Тој се соблекол, се обидел да скокне низ прозорецот, а потоа уринирал врз себе и се обидел да мастурбира во избезумен напор да се разбуди, пишува „Дејли мејл“.

„Ужаснат сум што се доведов себеси и другите во опасност. Тој екипаж се соочи со ситуација за која не е напишан никаков прирачник или процедура. Тие направија одлична работа за да ме чуваат мене и другите луѓе во тој авион. Не знам дали некогаш повторно ќе летам“, призна Емерсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK