Актерката што одбива да се потчини на стандардите за убавина: „Никому не му треба рамен стомак“

Актерката-што-одбива-да-се-потчини-на-стандардите-за-убавина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

27-годишната актерка Лили Рајнхарт не сака да се потчинува на стандардите за убавина и на социјалните мрежи често коментира дека се наметнуваат многубројни идеали.



Нејзиниот опис на „Инстаграм“ гласи: „Ова е безбеден простор за телесна позитивност и прифаќање на менталното здравје“.

Рајнхарт не крие колку е иритирана од холивудските норми. Иако претходно се бореше да го прифати својот изглед, на крајот се пронајде себеси и често зборува за тоа. На нејзиниот пат да го сака сопственото тело холивудските стандарди за убавина имаа влијание, а Лили се соочи со многу пречки што мораше да ги надмине.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lili Reinhart (@lilireinhart)

Индустријата наметнува нереални идеали

Рајнхарт тврди дека секое тело заслужува љубов и восхит, без разлика во колкав обем доаѓа и дека индустријата наметнува нереални идеали. Таа ги потсетува своите следбеници дека не постои нешто како „летно тело“, кое најмногу се споменува пред доаѓањето на летото кога многумина се обидуваат да изгледаат што послабо во бикини или оскудна облека.

„Не ви треба рамен или совршено затегнат стомак за да носите топ“, рече таа.

Нејзината цел е да ги поттикне другите да се чувствуваат удобно во својата кожа. Рајнхарт, како и многумина, чувствувала притисок да се вклопи и верува дека на многу млади жени им се наметнуваат нереални стандарди. Но, вели таа, време е да се сменат општествените норми и да се прифатат несовршеностите.

„Кога бев помлада, ги гледав насловните страници на списанијата и сакав да видам што има одоздола, сакав да ги видам недостатоците. Сите сакаат да ги видат туѓите мани затоа што сакаме да видиме потврда за нашата несигурност во нив“, вели Лили.

Таа размислувала и за нејзиното воспитување кога, признава, списанијата имале влијание врз нејзината перцепција за убавината. Но, сега актерката се залага за славење на несовршеностите охрабрувајќи ги жените да ја прифатат својата единствена убавина, без разлика дали се тоа акни, лузни, целулит или облини.

„Сите сме несовршено убави“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lili Reinhart (@lilireinhart)

Ја критикува Ким Кардашјан за наглото слабеење

Минатата година, по Мет галата, таа ја критикува реалната ѕвездата Ким Кардашјан, која рече дека за само три недели ослабела седум килограми за да може да се вклопи во фустанот на Мерлин Монро.

„Одите на црвениот тепих и правите интервју велејќи дека сте гладни затоа што не сте јаделе јаглехидрати еден месец само за да се вклопите во е*ан фустан?“, почна Рајнхарт.

„Ова е погрешно на 100 нивоа. Отворено да признаеш дека се изгладнуваш поради Мет гала. И добро знаеш дека милиони млади мажи и жени гледаат во тебе и го слушаат секој твој збор. Немам зборови колку е глупаво. Ве молам, престанете да ги поддржувате овие идиоти, штетни познати личности, чија слика се врти околу нивните тела“, рече таа.

„Генерално, не сум човек што лесно се лути, но се колнам во Бога дека токсичноста на оваа индустрија понекогаш толку ме лути што морам вака да го ослободам гневот“, заклучила ѕвездата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK