Денеска во 00.50 часот на потегот помеѓу село Свидовица и село Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода 63-годишниот А.Д. од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, извести МВР.
За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б, бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, велат од МВР.
По документирање на случајот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.