Во Унгарија е неопходно да се заострат правилата за азил и миграција за да се издржи зголемениот миграциски притисок, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за државното радио.
Орбан рече дека сегашната регулатива може да се справи со „мигрантската криза“ по 2015 година, но дека мора да се зајакне во време кога се соочуваат со зголемен притисок, пренесува МТИ.
Новиот закон за азил мора јасно да ги дефинира правните основи и кругот на луѓе на кои им е дозволено да останат во Унгарија, а законот мора строго да се спроведува, рече Орбан.