ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, договорите во 4 очи го јадат системот

ВМРО-ДПМНЕ-Извештајот-на-ЕК-констатира-дека-власта-го-заобиколува-Законот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, договорите во 4 очи го јадат системот. ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки“, вели ВМРО-ДПМНЕ.


„Во Извештајот јасно е посочен договорот за автопатите како проблематичен. Јасно се вели: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки.

Заобиколувањето на Законот за јавни набавки, нереформираната администрација и корумпираното судство ја носат државата надолу.

Со СДС и ДУИ Македонија го доби најлошиот Извештај во нејзиното постоење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK