(Видео) Исламски џихад објави снимка од заложници во Газа: Хана и Јаков молат да бидат ослободени

Видео-Исламски-џихад-објави-снимка-од-заложници-во-Газа-Хана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Палестинскиот исламски џихад објави видео од двајца израелски заложници што ги држи во Газа, 77-годишна жена и 13-годишно момче, велејќи дека е подготвен да ги ослободи „доколку се исполнат безбедносните услови“. Терористичката група објави дека е подготвена да ги ослободи Хана Кацир и Јагил Јаков од „хуманитарни причини“.


„Подготвени сме да ги ослободиме од хуманитарни причини кога ќе се исполнат безбедносните услови на теренот“, рече портпаролот на военото крило на Исламскиот џихад, познат по неговото име Абу Хамза. Таа организација во Појасот Газа ги здружи силите со Хамас во борбата против Израел. Израелската војска го осуди објавувањето на видеото како „психолошки тероризам од најлош вид“.

Хамза потврди дека неговата вооружена група, заедно со Хамас, започнала напад врз Израел на 7 октомври, кога исламистичките командоси во еден ден убија 1.400 Израелци, речиси сите цивили, а киднапираа 240 заложници. Меѓу киднапираните има и странски државјани и лица со двојно државјанство. Хамас призна дека држи околу 200 заложници.

Исламски џихад објави дека држи и други заложници, но не го прецизираше бројот. Во видеото, и момчето и 77-годишната жена изразија желба да бидат ослободени што е можно поскоро за да се обединат со своите семејства и го осудија начинот на кој премиерот Бенјамин Нетанјаху се справува со оваа криза.

Хамза понатаму наведува дека здравјето на 77-годишната жена е загрозено бидејќи повеќе не можат да се грижат за неа поради недостиг на струја и гориво. За момчето рекоа дека се подготвени да го ослободат поради хуманитарни причини и неговата возраст, иако, како што тврдат, затворите на окупаторот се преполни со палестински деца. Јагил Јаков и Хана Кацир биле киднапирани од Кибуц Нир Оз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK