Зидан: Меси е чиста магија

Зидан-Меси-е-чиста-магија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зинедин Зидан и Лионел Меси се најдоа лице в лице. Нивниот разговор, во кој си поделија еден куп комплименти, долго ќе се прераскажува.



Зинедин Зидан и Лионел Меси обелажаа различни епохи во историјата на фудбалот. Зидан стапи на сцената во средината на 90-тите години на минатиот век, а по пензионирањето во 2006 година на големата сцена се појави Лионел Меси.

Ривали беа на теренот додека Зидан го предводеше Реал, а Лео играше за Барселона. Сепак, тие имаат голема почит еден кон друг без разлика на ривалството.

„Ги гледав работите на теренот побрзо од другите. Бев секунда пред другите, но вие сте три секунди пред сите. Вистинска штета што не можевме да играме заедно”, му рекол Зидан на Меси.

„Кога би требало да го опишам со еден збор – Магија. Денеска в лице можам да му кажам колку го сакам како играч. Тој е магија, чиста магија. Ретки се тие кои му се слични, но никој како него”. беа зборовите на Зидан.

Ниту Лео не пропушти да му упати комплименти на легендарниот Французин.

„Морам да кажам дека те обожавам. Не игравме заедно, туку игравме еден против друг, ти како тренер и јас како играч. Секогаш те почитував и обожавав се што правеше“.

„Не го кажувам ова затоа што си тука, тоа го кажав и претходно. Зидан е еден од најголемите играчи во историјата и отсекогаш сум го сакал и почитувал. Многу страдав поради него додека беше во Мадрид“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK