АСОМ: Евроамбасадорот Гир ја потврди злоупотребата на европското знаменце со кој се турка и законот за игри на среќа

АСОМ-Евроамбасадорот-Гир-ја-потврди-злоупотребата-на-европското-знаменце-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денешната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир кој по вчерашното објавување на извештајот на Европската комисија за напредокот на македонските евроинтегративни процеси ја истакна несоодветната употреба на европското знаменце во земјава, уште еднаш ги потврди ставовите на АСОМ дека предлог Законот за игри на среќа во Собранието се турка насилно со злоупотреба на европското знаменце, реагираат од АСОМ.


„Евроамбасадорот Гир потенцираше дека во контекст на Собранието извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури, повикувајќи на основното начело дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласат со ЕУ нормите и стандардите, а не да се скрати дебатата за важни прашања.

Длабоко сме загрижени што и покрај апелите од Европската Унија да не се врши злоупотреба на европско знаменце за скратување на дискусија при носење важни закони праксата во нашата држава продолжува и тоа за предлог Законот за игри на среќа кој ќе и нанесе непоправливи штети на нашата земја“, велат од АСОМ.

Посочуваат и дека евроамбасадорот Гир на почетокот на годината кога АСОМ се обрати за поддршка од ЕУ, јасно апелираше дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето на важни закони.

„Нашата Асоцијација во повеќе наврати истакна дека Законот за игрите на среќа и забавните игри не подлежи на обврска за усогласување со донесена ЕУ Директива. Членките на Европската унија немаат усогласено и донесено Директива која е правно обврзувачка за членките на Унијата и која истовремено ќе преставува обврска за пристапните членки на ЕУ да ја транспонираат таа директива во сопственото законодавство.

Бараме Владата да ја послуша јасната порака која доаѓа од Европската Комисија и да престане со деструктивни чекори да ја уништува иднината на државата.

Како Асоцијација бараме и итно повлекување на предлог Законот за игри на среќа кој насилно се турка со европско знаменце“, се истакнува во реакцијата на АСОМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK