Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.А. и 34-годишниот М.О., двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, извести МВР.
– Тие се сомничат дека на 16.03.2023 од фабрика за производство на канабис за медицински цели во с.Кравари, битолско, во која првопријавениот бил управител, со патничко возило изнеле марихуана. При извршен претрес во фабриката, пак, било констатирано дека во сефот имало вреќи со вкупно 70 килограми марихуана со различна тежина, соопшти МВР.