(Видео) Ги исклучија рефлекторите за да не го гледаат градскиот ривал како ја слави титулата

Видео-Ги-исклучија-рефлекторите-за-да-не-го-гледаат-градскиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Университарио од Лима се новите шампиони на Перу откако во последниот сезонски меч за титулата го победија главниот конкурент и градски ривал Алијанца со 2:0.


Натпреварот се играше на теренот на Алијанца, каде неколку секунди по последниот свиреж на судијата, светлата беа изгаснати. Причината колку е да е неспортска е јасна, домаќините не сакаа да го гледаат славјето на ривалот.

Гостите го завршија првенството со 39 бодови, бод помалку имаше второпласираниот Мелгар, а Алијанца 37.

Университарио и Алијанца одиграа натпревар пред пет дена, резултатот беше 1:1 и Алијанца имаше добри шанси, со победа да го освои трофејот на свој терен.

Сепак, головите на Флорес на самиот почеток и на Калкатера на самиот крај од мечот ги уништија соништата на домашните.

Сепак, никој не ја виде прославата.

Речиси во истиот момент кога судијата означи крај, на стадионот „Алехандро Виланова“ се изгаснаа сите светла.

Гостите, секако, оваа дрскост на ривалите не ги спречи да се радуваат, иако мораа да се „бараат“ за да си честитаат, иако во еден момент стигна светлото, бидејќи беше запален навивачки факел.

Со краткотрајното „палење“ победничката песна само стана погласна, забавата дури потоа се разгоре.

Универзитерио и Алијанца се најтрофејните клубови во земјата. Новиот шампион има две титули повеќе од Алијанца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK